top of page
Стратешки комуникации

Стратешки комуникации

Без разлика дали работите во организација, мала или голема компанија или на проект, најважно е да имате комуникациска стратегија која ќе ги следи, поддржи и ќе помогне во реализација на вашите деловни цели. Креираме комуникациски стратегии базирани на опширни анализи на пазарот и конкуренцијата од аспект на комуникации, деловните цели и целите на проектите. Креираме комуникациска стратегија која ги дефинира петте клучни компоненти – цели, целна публика и стратешки чинители, комуникациски пораки, комуникациски канали и предлог активности.

 

Комуникациската стратегија која ја креираме е едноставна за имплементација и предвидува активности и оперативен план во рамки на вашиот буџет за да обезбеди максимална вредност и видливост на вашата организација или проект.  

Како и кога се работи за остварување на вашите бизнис цели или целите на проектот, така и кога се работи за комуникацијата - доколку имате вистинска стратегија и реален план , имплементацијата е едноставна, насочена, создава чувство на доверба кај вашите вработени, соработници, партнери, а истовремено придонесува за целосно и правилно планирање на  буџетите.

Кризни комуникации

Веруваме во премисата дека подготвеноста за криза е клучна и обезбедува подобар одговор и заштита на имиџот, како и поедноставно управување и излез од кризата. Многу организации кај нас, доцна откриваат дека не е прашање дали, туку кога ќе се појави криза, и потребата од комуникација ја согледуваат дури кога ќе се појави кризата. Ние сме обучени и имаме искуство во управување со кризна комуникација во сите фази – пред, за време и по завршување на кризата. 

Пред криза

Креираме оперативни планови според можни кризни сценарија со нацрт комуникација кон сите релевантни публики, така што за време на криза ќе можете брзо, ефикасно и целно да ја спроведете комуникацијата и во најтешките моменти.  Со ваков тип на проактивност, кога знаете што да кажете и кому да му се обратите уште пред да се случи кризата, може да има клучна улога во најтешките моменти и овозможува ефикасно и навремено да се надминат и непосакуваните предизвици. 

За време на криза

Доколку веќе ги имате разработено кризните сценарија ќе ви помогнеме да го реализирате кризниот комуникациски план, или доколку немате ќе ви помогнеме брзо и ефикасно да направите план за да се намали влијанието на кризата врз репутацијата на вашата компанија. За време на криза ви помагаме да ги дефинирате вашите пораки, да ги координирате информациите кон вашиот тим и вработените, информациите кон клиентите и соработниците, информациите кон медиумите и социјалните мрежи.  Од пишување на содржини, определување на говорници, определување на целни публики, до пласман на информациите - ние сме тука за вас да ве водиме и заедно да го креираме процесот низ кој и вработените и партнерите и институциите и клиентите и медиумите ќе бидат информирани на време што се случува, како се решава и што може да очекуваат.  

По завршување на криза

Важно е да информирате и по завршувањето на кризата, и не е лесно да се изгради повторно или врати нарушениот имиџ. Треба време и многу повеќе активности, но ние сме тука за вас да ја креираме и пост-кризната стратегија за комуникација која може да даде најефикасни резултати. 

Кризни комуникации

Интерни комуникации

Вработените се амбасадори на секоја организација и нивното мислење и ставови се земаат како најверодостојни за вашиот бренд, организација или компанија. Затоа клучно е за зголемување на лојалноста кон организацијата, мотивираноста на вработените, интеракција со вработените и  пренесување на корпоративните вредности, стратегии, планови, ставови да имате ефикасен и константен систем за внатрешно информирање.

Согласно потребите на вашата организација креираме за вас целосен систем за редовна интерна комуникација, електронски информатори, интранет страници, настани и активности за вработени.

Нашата експертиза опфаќа и специфични програми и проекти за интерна комуникација како промена на организациска структура, реорганизација, менаџмент на промени, промоција на корпоративни вредности, задоволство на вработени. Подготвуваме  целосни комуникациски планови и материјали за сите нивоа на менаџмент и кон вработените, за сите фази во текот на проектите за вработени. 

Не дозволувајте вработените да ги дознаваат работите од медиуми – најисплатлива инвестиција е ефикасната комуникација со вработените, особено денес кога голем дел од луѓето работат од дома. 

Интерни комуникации

Корпоративни комуникации

Успешните корпорации го градат својот имиџ преку сеопфатна комуникација, не само на брендот или производите и услугите, туку и на сите сегменти од своето работење – односите со вработени, општествената одговорност, односите со чинители, односите со медиуми, зборуваат за финансиските показатели и резултати, адресираат прашања од интерес на корпорацијата, ги промовираат своите вработени, комуницираат активно со своите клиенти и партнери, ја градат довербата и репутацијата на менаџментот. Накусо, дел по дел, ја составуваат целосната слика за успешна корпорација и организација која стои целосно зад квалитетот и успешноста на своите производи и услуги.

Со долгогодишно искуство во меѓународни организации нашиот тим на експерти ќе ви помогне да ја создадете, организирате и/ или воведете функцијата на корпоративни комуникации во вашата организација, да изградите систем кој ќе биде во целосна функција и во целосна поддршка на вашиот бизнис. Истовремено, изработуваме стратегија, план за имплементација и ви помагаме да ги одберете врвните експерти во вашиот тим или агенција за односи со јавност за секојдневна имплементација на планираните активности.  

Корпоративни комуникации

Односи со јавност и дигитални комуникации

Односи со јавност

Креираме комуникациска стратегија која низ медиумите треба да ја создаде сликата за вашата организација во медиумите, а со тоа и јавноста. Пишувањето на соопштенија, интервјуа, говори, изјави ни се силна страна, како и познавањето на медиумската сцена во Македонија. Доколку имате потреба од силни корпоративни пораки или подготовка на материјали за медиуми за кризни и проектни теми - тука сме за вас. За секојдневно управување со односи со медиуми со задоволство ќе ви помогнеме да одберете Агенција специјализирана за односи со јавност во согласност со вашите потреби.

 

Дигитални медиуми

Денес, ако нешто не постои на интернет, како и да не постои. Дигиталните медиуми се клучни за секоја организација и компанија. Социјалните мрежи се медиум кој ви овозможува директно да ги споделувате своите приказни и ставови со вашите потенцијални и постојни клиенти. Тие се вашето лице и глас, ваш сопствен канал за комуникација. Треба да ги најдете темите, да ги обликувате и да ги промовирате. Тука сме за вас за да изградиме стратегија, да ја определиме публиката и да ги определиме темите и приказните. Со нашата експертиза можеме да создадеме и одлични постови за социјални медиуми, а за секојдневно управување со социјални медиуми и за креирање на мултимедијални содржини, можеме да ви препорачаме некој од нашите партнери. 

Односи со јавност и ДМ
ДИГИ КО

Општествена одговорност

Често организациите и компаниите донираат, спроведуваат активности за општествена одговорност, но сметаат дека тоа не е доволно видливо или нема доволно влијание. Ние ви помагаме да идентификувате проекти и активности за општествена одговорност кои ќе го зацврстат имиџот на организацијата како активен чинител во заедницата. Креираме и предлагаме активности и проекти за општествена одговорност кои се систематизирани, соодветствуваат на природата на вашиот бизнис, на вашата целна публика, на вашата визија и мисија и обезбедуваат одржливост на долг рок. Ви помагаме да остварите партнерства со организации и иницијативи во заедницата во која работите и низ општествено одговорни акции да обезбедите позитивно влијание и да ја зајакнете репутацијата на вашиот бренд или организација. 

Општествена одг.

Советување и организација

Целта ни е бизнисите во Македонија да ја разберат вредноста на комуникацијата и да им помогнеме да креираат комуникациски стратегии кои ќе го поддржат бизнисот. Нудиме советувања на менаџментот или секторот за односи со јавност за создавање или унапредување на системите за комуникација со јавност, за посебни теми и проекти. Советуваме за комуникациски пристап или организација. 

Им помагаме на организациите да одберат Агенција за односи со јавност или креативна агенција, во текот на целиот процес – од дефинирање на услови и критериуми за тендер, преку објава и повик до релевантни агенции, учество во избор – до финализирање и потпишување на договор. 

Советување и организацја
bottom of page